Најдобрата ракометарка на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу на својот Фејсбук профил ја коментираше одлуката на Ракометната федерација на Романија за предвремен крај на првенството.
Во моментот кога беше прекинато првенството екипата на ЧСМ Букурешт беше на втората позиција, шампион не е прогласен но местата за европските натпреварувања се рaспределени според годинешните резултати. Според тоа ЧСМ Букурешт нема место во Лигата на шампионите наредната сезона, но ќе аплицираат за вајлд-карта.
„Мислам дека федерацијата донесе нефер одлука и го стави ЧСМ Букурешт во неповолна позиција. Ние бевме тимот кој е поблиску до титулата, единствената причина што сме втори на табелата е помалиот број одиграни натпревари. Мислам дека бевме во можност да го освоиме првенството. Сега останува да се надеваме дека ЕХФ ќе ни додели вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите наредната сезона. Сакам да им се заблагорадам на сите што го поддржаа клубот. Се надевам дека наскоро сите ќе уживаме во ракомет пред полни трибини. Грижете се за себе“, напиша Неагу.
На прво место во романското првенство во женска конкуренција заврши екипата на Валчеа, која и покрај поразот во директниот дуел со ЧСМ Букурешт имаше повеќе одиграни натпревари и си обезбеди пласман во Лигата на шампионите.