Европската ракометна федерација донесе одлука да одложи уште еден натпревар од групната фаза од Лигата на Европа.
Поради голем број на позитивни ракометари на коронавирус во шпанскиот тим Бидасоа, ЕХф мораше да одложи втор нивни натпревар по ред.
По оној со швајцарскиот Фади Винтертур, нема да се игра ниту дуелот против полската Висла Плоцк беше планиран за утрешниот ден.
Новиот термин на одложените натпревари ќе биде дополнително познат.