Одложен уште еден натпревар во ЛШ – Нема да играат ниту Целје и ППД Загреб

Коронавирусот и понатаму прави проблеми во организација на натпреварите, а има нов одложен натпревар. Нема да играат ниту Целје и ППД Загреб, а причината е во заразени ракометари.

Средбата требаше да се игра в чертврток во Златорог во Словенија, но дуелот се одлага. Според информациите заразени ракометари има кај Загреб, па гостите од Хрватска не се во можност да дојдат во Целје.

Ова е четвртиот дуел од колото кој се одлага така што останаа само четири средби за игрљње утре и задутре. Според планот ќе се одиграат две средби утре, а две в четврток.

Утре на терен ќе бидат Пик Сегед против Мешков Брест и Нант против Мотор. За в четврток се предвидени дуелите меѓу Елверум и Флензбург и меѓу Барселона и Веспрем.