Одложен натпревар од групата на Вардар!

Натпреварот од групата А во Лигата на шампионите, во која игра и Вардар, меѓу Мешков Брест и Фленсбург е одложен.

Белорускиот тим бил на тестирање во текот на вчерашниот ден и имало еден позитивен резултат.

Раководството решило да биде направен уште еден тест во текот на денешниот ден, а денеска сите резултати биле негативни.

Европската ракометна федерација била упатена во случувањата, но и покрај денешните негативни тестови, сепак било решено натпреварот да биде одложен.