Тимот на Металург нема да дебитира на домашен терен оваа сезона во групната фаза од Лигата на Европа ниту следниот вторник.
По натпреварот со Висла Плоцк, Европската ракометна федерација го одложи и натпреварот против австрискиот Фајверс.
Во австрискиот тим има позитивни случаи на Ковид-19, па како што беше досега, ЕХФ нема друг избор освен да го одложи натпреварот.
Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Eурофарм Пелистер, засега стои во графата „ќе се игра“, но треба да почекаме до понеделник за резултатите од тестовите кај двете екипи.
Од групата на битолскиот тим одложен е дуелот меѓу Кадетен Шафхуазен и Татабања, поради позитивни случаи во швајцарскиот преставник.