Хрватскиот шампион Загреб оствари убедлива победа во рамките на 8. коло од регионалната СЕХА лига, откако вторпат славеше над рускиот Спартак Москва.
Избраниците на Веселин Вујовиќ победија со 30-17, а македонскиот репрезентативец Ненад Костески беше меѓу најдобрите на теренот.
Тој постигна четири погодоци од шест обиди и беше втор стрелец во победничкиот тим, а Вистороп и Равниќ со по пет гола беа најефикасни.