Македонската репрезентативка Јована Кипријановска имаше одличен старт на првиот интернационален предизвик.
Таа беше најдобар стрелец во победата на нејзиниот нов тим Самбр Авенуа над Тулуз со 26-20.
Десниот бек од Македонија постигна девет гола од 12 обиди, од кои три беа од пенал и заработи едно исклучување.
Тоа се вкупно една третина од головите на нејзината екипа која има амбиции за пласман во елитната конкуренција во Франција следната сезона.
Во следното коло Кипријановска и Самбр Авенуа ќе играат на гости кај Труштерсхајм на 17 септември, додека претходно ги очекува настап во Купот на Франција.