Одличниот Поповски и Цирих испуштија победа над Сент Гален

Тимот на Амичитија Цирих каде што настапува македонскиот репрезнтативец Мартин Поповски имаше убава шанса да стигне до нов триумф во швајцарскиот шампионат.

На домашен терен, Цирих водеше со 32-31 во последната минута, но прими гол во финишот и Сент Гален си заминува со бод.

Поповски беше меѓу најдобрите стрелци на овој натпревар и успеа да постигне пет гола од шест обиди.

Цирих останува на претпоследното место на табелата со пет освоени бодови и ќе го чека тешка битка за обезбедување опстанок во швајцарскиот шампионат.