Екипата на Штутгарт каде што настапува интернационалецот Жарко Пешевски доживеа пораз на домашен терен во 16. коло од Бундес лигата од Лемго кој славеше 37:40.
Жарко Пешевски имаше одлична вечер и беше втор стрелец со шест гола од девет удари во составот на Штутгарт, а најефикасен беше Ханус со седум погодоци.
Првото полувреме беше максимално израмнето, екипите неколку пати го менуваа водството, а на полувреме гостите водеа 17:18. Во продолжение Лемго постојано беше во предност која ја сочува до крај за конечен триумф.
Со овој пораз Штутгарт останува на 16. позиција на табелата со девет бода. Во следното коло кое се игра за четири дена Пешевски и соиграчите ќе имаат тешка задача на гостувањето кај Кил.