Тимот на Егер Естерхажи, каде што настапува македонскиот голман Јане Цветковски, забележа победа во последното коло од есенскиот дел на унгарскиот шампионат.
Егер имаше незгодно гостување кај составот на Вац и славеше со 23-29, a Цветковски имаше забележителна улога.
Тој успеа да запре 12 удари на противничките ракометари и да му помогне на неговиот тим да ја прекине серијата порази.
Егер сега е на 9. позиција со 11 бодови, што е само пет бода од третопласираниот Ѓенѓеш, кој има 16. Веспрем и ПИК Сегед се на првата и втората позиција.