Одлична партија на Димитриевски – прв стрелец во ремито на Синфин

Екипата на Синфин Сантандер на македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски одигра нерешено, 24:24 против Пуенте Хенил во 19. коло од Асобал лигата.

Димитриевски одигра уште една одлична партија и потврди дека е во одлична форма, откако на овој натпревар постигна шест гола од осум удари, а два беа од седум метри. Димитриевски можеше да му донесе триумф на својот тим, но неговиот удар по последниот напад го одбрани противничкиот голман.

Синфин имаше убава шанса да оствари втора победа по ред, но во последниот напад пропуштија да реализираат за победа. После слабиот старт тимот на Димитриевски од средината на првиот дел го презема водството и го одржуваше до крај, но не успеа да триумфира.

На полувреме беше минимални 14:13 за домаќините, но не издржаа до крај и мораа да се задоволат со еден бод. Со ова реми Синфин има вкупно 12 бодови и се наоѓа 12. позиција на табелата. Следниот натпревар Димитриевски повторно го игра на домашен терен против Бенидорм.