Поранешниот младински репрезентативец Александар Ангеловски беше клучен во триумфот на неговиот Белфор во натпревар од 16 коло од Третата лига на Франција.
Белфор предводен од Ангеловски со седум погодоци од седум обиди, славеше на гостувањето кај Везулиен Саон со 29-26.
Со новите бодови Белфор има 36 и се искачи на четвртата позиција на табелата, па ќе ја продолжи трката за место во разигрувањето за повисок ранг.
Екипата на Томе Петрески, Ла Кро загуби дома од Тулуз со 41-32, Курнон Доверњ на Марјан Колев и Даниел Дупјачанец беше поразен кај Мартиге со 30-24, а Санте на Бобан Каковски загуби кај Анже со 32-25.