Одличен ден за Миркуловски и Вецлар, го срушија Кил и тоа како гости

Лидерот во Бундес лигата, Кил денеска претрпе тежок пораз на домашен терен од составот на Вецлар за кој настапува Филип Миркуловски. Гостите имаа одличен ден и славеа убедливо со 27:20 така што му го нанесоа четвртиот пораз сезонава.

Миркуловски на овој дуел имаше еден погодок од два удари така што учествуваше во победата над Кил во одличната партија.

Филип Талески со Балинген не успеа да стигне до таков резултат и претрпе пораз на домашен терен од Хановер со 33:35. На оваа средба Талески имаше шут 0 од 1.

Победа забележа Кузмановски со Магдебург против Мелзунген во првиот натпревар денеска, но тој немаше погодоци.

Денеска пораз претрпе и Фуксе Берлин на гостувањето кај Ерланген, па ова беше лош ден за фаворитите.

БУНДЕС ЛИГА

ВЕЦЛАР – КИЛ 20:27

Екберг 7, Дамке 3, Пекелер 2 – Френд Офорс 6, Чавор 6, Холст 4

БАЛИНГЕН – ХАНОВЕР                33:35

Шох 10, Липовина 9, Штробел 6 – Мартиновиќ 6, Олсен 6, Угалде 5

МАГДЕБУРГ – МЕЛЗУНГЕН        26:25

Петерсон 5, Хомке 5, Муше 3 – Микелсен 7, Кун 5, Хефнер 4

ЕРЛАНГЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН     34:29

Ивиќ 7, Вон Грухала 6, Селин 5 – Друкс 8, Марсениќ 6, Штрук 3

МИНДЕН – БЕРГИШЕР 26:23

Рамбо 6, Гулеруд 5, Радшвалау 5 – Бомхувер 7, Дари 5, Гунарсон 4

ТАБЕЛА: 1. Кил 28 бода (540:470); 2. Хановер 28 (522:486); 3. Флензбург 28 (504:443, +1 меч); 4. Магдебург 26 (529:480); 5. Рајн Некар 26 (537:498, +1 меч)…