Одлагањето на игрите во Токио ја премислува Едуарда Аморим

Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и македонска снаа, Бразилката Едуарда Аморим во текот на паузата објасни дека одлагањето на Олимписките игри во Токио ги изменило нејзините планови за ова лето.

Таа сакала после завршувањето на игрите во Токио да се повлече од игрите во националниот тим, но очигледно тоа нема да се случи и сега е во размислување за пролонгирање на одлуката.

„Одликата за одлагање на Олимписките игри за една година е правилна. Најважно е здравјето на луѓето. Неопходно е да се запре со ширењето на коронавирусот. Мораме сите да размислуваме на тоа и затоа прво здравјето, па потоа друго“, вели Едуарда Аморим за унгарските медиуми.

Таа вели дека сега можно е да остане дел од репрезентацијата уште една година.

„Планирав да ја напуштам репрезентацијата во текот на ова лето, но поместувањето на игрите ги смени и моите планови. Сега морам да размислувам и веќе да ја планирам следната сезона. Сепак, многу работите ќе зависат и од тоа колку ќе трае оваа сезона. Доколку продолжи и во јуни и јули, ќевидиме колку слободно време ќе имаме“, коментираше Аморим.

Таа сака да посвети повеќе време на своето семејство, па од тоа ќе зависи и одлуката околу нејзината иднина во репрезентацијата на Бразил.