Реномираниот руски ракометен портал „Брз Центар“ направи листа на ТОП 10 играчи од поранешните републики на Советскиот Сојуз, што настапуваат во странство и кои зад себе имаат одлична сезона.
Меѓу десетте избрани ракометари, се најдоа и четворица кои го носеа дресот на Вардар оваа сезона (Кристопанс во меѓувреме замина во Фуксе Берлин), како и членот на Еурофарм Пелистер – Владислав Остроушко.
На листата се наоѓаат и двајцата белоруски репрезентативци од полскиот првак Келце, Кулеш и Каралек.
ТОП 10 листа на екс СССР ракометари во странство:
10. Руслан Дашко (Пуенте Хенил) – Русија
9. Олег Астрашапкин (Чурго) – Белорусија
8. Глеб Гарбуз (Кринс Луцерн) – Белорусија
7. Глеб Калараш (Вардар) – Русија
„Минатата пролет Глеб поради лошата финансиска ситуација реши да потпише за Мотор. Но потоа ја освои европската титула со Вардар и тоа го натера да го смени мислењето. За повторно да го облече „црвено-црниот“ дрес, Калараш сам си плати оштета“.
6. Данил Шишкарев (Вардар) – Русија
„Многу е пишувано за Вардар. И покрај тешката ситуација, лидерите во тимот повторно демонстрираа одлична игра. Кога играш во клуб што има потешкотии, мораш да разгледуваш и други опции, па Шишкарев ќе се пресели во Веспрем на лето“.
5. Владислав Кулеш (Келце) – Белорусија
4. Тимур Дибиров (Вардар) – Русија
„Улогата на Тимур во сегашниот состав на Вардар е многу значајна. Искусното лево крило се уште е во фокусот. И на 37 години тој дава многу погодоци. ВО СЕХА подобар е од него е само Ваилупов, додека во ЛШ е во друштво со ТОП 3 стрелците – Деска, Пуховски и Екберг. Но вредноста на Тимур не е само во ефективноста и голови. Тој е моторот на тимот, понекогаш може да ги понесе соиграчите и фановите. Некогаш ја минува границата на дозволеното, но посакуваниот резултат ќе биде остварен“.
3. Владислав Остроушко (Еурофарм Пелистер) – Украина
„Еурофарм Пелистер е десеттиот клуб во кариерата на Украинецот. Во секој од нив, левиот бек оставал одличен впечаток и го давал својот максимум. Во Битола, Остроушко се снајде брзо. Неговото искуство и работа го донесоа на лидерските позиции“.
2. Артем Каралек (Келце) – Белорусија
1. Даинис Кристопанс (Вардар/Фуксе Берлин) – Летонија
„Повторувањето на резултатот од минатата сезона не беше баш лесна задача за Вардар. Клубот загуби дел од најважните играчи, но тие што останаа мора да се борат и за нив и за другите. Најголемата одговорност падна на Даинис, бидејќи Толедо беше повреден, па во такви околности Летонецот мораше да игра во двата правци. Едноставно немаше адекватна замена за него во Вардар. Кога се измори од многуте долгови, тој реши да ја заврши сезоната во Берлин“.