Одбрани зицер со глава, па го патосираше противничкиот ракометар и… (ВИДЕО)

На натпревар од првенството на Шведска, голманот на тимот на Малме, Антон Хелберг едноставно полуде откако доби удар во главата при што успешно интервенираше. При контра Хуго Форсберг, упати удар кој беше лошо изведен и топката заврши во главата на голманот на Малме. Иако не делуваше дека има некаква намера во шутот да го погоди во глава, сепак, нервозата кај Хелберг беше преголема. Одлучи да се пресмета сам и веднаш тргна во дуел со Форсберг, но место да ја расчисти ситуацијата тој го извлече подебелиот крај. Судијата му додели црвен картон и тоа само на него, па Малме мораше да продолжи без голман. Средбата меѓу Луги и Малме заврши со нерешен резултат од 26:26.