Одбраната заспа – Французин постигна гол од половина терен! (ВИДЕО)

Во францускиот шампионат, Кретеј и Сен Рафаел одиграа возбудлив натпревар, а на победата се радуваше Сент Рафаел со четири разлика, 29:25. Резултатот падна во втор план откако ракометарот на Кретеј, Килијан Ригол постигна гол од средината на теренот во второто полувреме. Тој го искористи фактот што одбраната и голманот на гостите беа „заспани“ и постигна лесен гол. Погледнете...