Десното крило Александар Петковски и во продолжение од сезоната ќе настапува во тимот на Металург.
Иако тој пред крајот на претходната година имаше поднесено барање за раскин на договорот, сепак Регистрациската комисија на Ракометната федерација го одби тоа барање како неосновано.
Тимот од Автокоманда доставил до РФМ документи – договор, анекс на договор, банкарски изводи и финансиски картички.
Со сите документи е докажано дека нема неисполнети обврски од договорот, па Регистрациската комисија донесе одлука дека Петковски мора да остане во Автокоманда.
Кадетскиот репрезентативец, кој се најде и на поширокиот сениорски список пред ЕП, имаше понуди од суперлигашки и прволигашки екипи, но трансфер нема да има сега.