Огњановски и Савиќ судат на Универзитетските игри во Полска

По Начевски – Николов и Николовски – Металари, уште неколку македонски судиски двојки ќе бидат активни летово на ракометните терени.

Младите Дамјан Савиќ и Марко Огњановски веќе се во полскиот град Лоѓ, каде што судат на ракометниот турнир на Универзитетските игри.

Македонските арбитри веќе ја имаа првата задача на женскиот турнир и го судеа дуелот меѓу Универзитет Келн и Универзитет Валенсија, кој го добија Германките со убедливи 34-18.

Савиќ и Огњановски ќе имаат одлична шанса да ги покажат своите квалитети на меѓународно ниво и да се вратат побогати за уште едно искуство од Полска.

Ракометните турнири во машка и женска конкуренција се играат од 25 до 30 јули. Првите три дена се натпреварите по групи, на 28 јули ќе се играат четвртфиналните средби, на 29 јули полуфиналните двобои и на 30 финалните натпревари и оние за пласман.