Најбогатиот европски клуб ПСЖ доживеа вистинска катастрофа во полуфиналето од Купот на Франција.
Избраниците на Раул Гонзалез нема да го бранат Куп трофејот освоен од минатата сезона, откако беа елиминирани од Монпелје со 33:20 (16:8).
Монпелје во текот на целиот натпревар имаше висока предност и заслужено патува во финалето.
Противник на Монпелје во финалето ќе биде подобриот од дуелот меѓу екипите на Нант и Екс ан Прованс.