Судиската двојка од Македонија, Ненад Николовски и Исмаил Металари, доби големо признание од ЕХФ за сработеното досега на Европското првенство за младинци во Португалија.
ЕХФ ги делегираше Николовски и Металари за еден од најважните натпревари на шампионатот – полуфиналниот двобој меѓу Србија и Шпанија.
Натпреварот сигурно ќе биде интересен и неизвесен до крај, но нема сомнеж дека судиската двојка од Македонија ќе ја одработи задачата без проблеми.
Дуелот меѓу Шпанија и Србија се игра од 17:30 часот, додека во второто полуфинале ќе се соочат Португалија и Шведска.