Ракометарите на Овче Поле во натпревар од 15. коло од Првата лига на гостувањето во Гостивар кај Јехона триумфираа убедливо со 32:12.
Клубот од Свети Николе со новите освоени бода ги задржа шансите за пласман во плеј-оф фазата од прволигашката конкуренција, додека Јехона направи чекор назад и има сѐ помалку шанси за плеј-оф.
Овче Поле победата ја обезбеди во првото полувреме, во кое прими само пет погодоци, а постигна 12.
Поради убедливото водство на Овче Поле, двајцата тренери шанси им дадоа на речиси сите ракометари од клупата.
Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Димитрија Крстев, Игор Павловски и Дамјан Тодосовски. Во поразениот табор, кој дуелот го заврши со 12 постигнати погодоци, отскокна Давор Стојкоски со четири реализации.
Следен предизвик за Овче Поле ќе биде дуелот со Шампион, клуб кој исто така е во борба за плеј-оф фазата. Составот на Јехона за следен ривал ја има екипата на Македонија ЃП.