Ракометарките на Овче Поле СУ по победата во баражот за четвртфиналето на Купот на Македонија против составот на ЖРК Алушовски, славеа над истиот ривал и во Женската лига.
Домаќинот во Свети Николе победи со 28-26, иако победникот можеше да биде решен уште по првиот дел, кога беше 20-12.
Во второто полувреме гостинките се заканија и ја намалија негативата, но немаше време за комплетен пресврт, па бодовите останаа за Овче Поле СУ.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Ребека Костова со девет голови, а Стефанија Павловска даде шест.
Кај гостинките од Скопје се истакнаа Сања Трајановска со 12 погодоци и Ана Николовска со осум.