Ракометарките на Овче Поле СУ победнички ја стартуваа новата сезона во Женската лига, откако славеа против Шампион со 30:22 (6:16).
Иако требаше да гостуваат во Скопје, во договор на двата клуба овој дуел се одигра во „Цар Самоил“ во Свети Николе.
Разликата во квалитет беше видлива уште во првиот дел, во кој „гостинките“ од Свети Николе, кои играа на домашен терен покажаа доминација на теренот и рутински ги одработија вторите 30 минути.
Овче Поле во победата над Шампион беше предводен од Стефанија Павловска и Јована Конева, кои постигнаа по седум погодоци, шест реализации запиша Наталија Манева.
Кај Шампион прво име беше Анастасија Ѓорѓиева со пет погодоци, по четири додадоа Тијана Мурџеска, Марија Бојковска и Ева Трпкова.