Овче Поле СУ победнички се враќа од Скопје

Тимот на Овче Поле Славјански Универзтит, по поразот дома од Шампион, забележа победа на гостувањето кај Кузман Вардар со 23-28, во натпревар од второто коло во Женската лига.

Домаќинките отворија со предност од 3-0, водеа во поголемиот дел од првото полувреме, но потоа Овче Поле СУ ја презема контролата и направи пресврт. Водеа гостинките со 9-10, а до паузата постигнаа уште три гола во серија за 9-13.

Кузман Вардар успеа да намали на минус еден во неколку наврати, но тоа беше се што направија домаќинките, кои немаа сили за комплетен пресврт.

Избраничките на Илија Бетувски рутински ја одржуваа предоста од три до четири гола до самиот крај за конечна победа и први бодови оваа сезона.

Најдобри стрелци во победничкиот тим од Свети Николе беа Наталија Манева со седум голови, како и Ребека Костова и Анастасија Сентовски со по пет погодоци. Во Кузман Вардар се истакнаа Ружица Атанасова со шест и Сандра Јовевска со пет голови.