Овче Поле СУ во салата „Гоце Делчев“ во рамки од плеј-атутот во Женската лига на гостински терен славеше победа против ЖРК Кузман Вардар Илинден со 28:35.
После првите промашувања резултатот од седмерец го отвори ракометарката на Овче Поле СУ, Вучевска Елена. Домаќините го преземаа водството со два брзи гола преку Елеонора Додевска и Агеловска Јована.
Тоа водство од 2:1 беше и единственото за домаќините во целиот натпревар. Во продолжение Овче Поле прикажа подобра игра. На средината на полувремето имаа и највисоки шест гола предност до тој момент (7:13). Домаќините до крајот на првиот дел успеаа да го намалат водството на 14:18.
Не успеаа домашните ракометарки да се вратат во вториот дел и во ниту еден момент не го загрозија водството на гостите, Овче Поле СУ сигурно ја чуваше предноста која во финишот и се зголемуваше, за на крајот да слават со седум гола разлика.
Димова Диана беше најефикасна во редовите на победничкиот тим со 10 постигнати гола, додека кај домаќините се издвојуваше Милевска Нина со девет гола.