Тимот на Овче Поле Славјански Универзитет ќе влезе со зголемени амбиции во новата сезона во Женската лига и веќе ги ангажираше првите засилувања.
Станува збор за средниот бек Марија Галевска, голманот Ивана Станчева од Шампион, како и левиот бек од Кузман Вардар, Јована Ангеловска.
Екипата што беше на првото место во плеј-аутот минатата сезона и за малку не влезе во плеј-оф, има амбиции да го направи и тој чекор во новата сезона.
Тренерот Илија Бетувски останува да биде предводник на клубот, остануваат и сите ракометарки од минатата сезона – Елена Вучевска, Анастасија Сентовска…
„Клубот со ангажирањето на овие три квалитетни играчи, во преговори сме уште со уште еден играч на позиција десен бек, ќе го зголеми ростерот, но и квалитетот на играта. Планот на екипата е да се пласираме во плеј-оф групата и пласман помеѓу првите шест екипи“, изјави Бетувски за 24Ракомет.
Новата сезона во Женската лига би требало да започне на 10/11 септеммври, со тоа што регуларниот дел би завршил во декември, а разигрувањето во плеј-оф и плеј-аут ќе биде напролет.