Овче Поле СУ го задржува костурот на тимот

Тимот на Овче Поле СУ, кој во оваа сезона настапуваше во плеј-оф фазата и заврши на 7. позиција на табелата, за следната сезона ќе продолжи со истиот играчки кадар.

Тоа значи дека тренерот Илија Бутевски ќе може да смета на најдобрите поединки Елена Вучевска, Јована Ангеловска, Анастасија Сентовска, Јована Конева…

Клубот од Свети Николе не ја исклучува можноста за следната сезона да ангажира неколку засилувањата, со кои би станал поконкурентен на домашна сцена.

Како што е веќе познато, од клубот си замина само Марија Галевска, која ги засили редовите на Чаир.