Натпреварот со кој вчера беше отворена пролетната полусезона во Македонија донесе возбудувања меѓу ЖРК Алушовски и ЖРК Овче Поле СУ, а гостинките од Свети Николе си заминаа со победа од 32:22.
Првото полувреме беше многу поизрамнето. Беше нерешено до 2:2, а потоа гостинките тргнаа посилно и со 5:0 стигнаа до убава предност после која беше тешко да се парира. Сепак, до крајот на првото полувреме ракометарките на ЖРК Алушовски успеаја да стигнат до намалување на гол негатива односно до 11:12.
Откако гостинките отидоа на одмор со предност од 16:13 во продолжението од средбата набрзина обезбедија десет гола позитива, 28:18 и овие десет разлика ги чуваа до крајот од натпреварот.
Тимот на Овче Поле СУ со оваа победа се пласираше во следната рунда од Купот на Македонија така што ќе има уште најмалку еден меч во ова натпреварување. За ЖРК Алушовски останува да се бори за подобар пласман во првенството.
ЖРК АЛУШОВСКИ – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ 22:32 (13:16)
Сала: „Форца“ во Сопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
ЖРК АЛУШОВСКИ: Стојковска, Тодоров, Божиновска 3, Димитријоска, Костадиноска 1, Ангелковска, Георгиевска 2, Николовска 5, Мемов 1, Алушовска 4, Ристовска, Милошоска, Младеновска, Трајановска 6.
Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Митева, Манева 5, Костова 8, Е. Вучевска 7, Павловска 3, Сентовска 1, Мицевска, Костадинова, Гигова 4, Стоилова 1, Јовановска 2, Ташкова 1, М. Вучевска, Стојанова, Павлова, Ефремова.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.