Овче Поле не ја зачува предноста, па спаси бод против Спартак

Ракометарките на Овче Поле СУ дојдоа до еден поен на гостувањето во Скопје кај Спартак после ремито од 27:27 иако на полувреме имаа предност од четири гола и водеа со 18:14.

Од почетокот на средбата и двете екипи имаа свои моменти. Имаше надигрување во кое постојано беше неизвесно и ниту еден од тимовите не можеше да направи предност и да дојде до позитива со која ќе има мирно продолжение на натпреварот.

Сепак, при 12:11 за домашните дојде кризен период во играта на тимот на Спартак. Дури 11 минути мируваше мрежата на гостинките, а за тоа време беше преземана целосна контрола на резултатот. Тимот на Овче Поле поведе со 17:12 и имаше игра со која одеше кон победа.

На полувреме беше 18:14 за гостинскиот состав, а потоа следуваше чување на предноста. Сепак, при 21:16 домашните вратија со серија од 4:0. Откако гостинките постигнаа гол, ракометарките на Спартак дојдоа до нови 4:0 и имаа 24:22. Се чинеше дека веќе сè е завршено на овој дуел бидејќи Спартак се врати во средбата, но тогаш ракометарките на Овче Поле одново почнаа да фаќаат приклучок и до крајот беше интересно.

Немаше победник, па двата состави мораа да се задоволат со бод.

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ          27:27 (14:18)

Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

СПАРТАК: Димитровска, Иво. Кимовска 2, Андовска 5, Божиновска 2, Петковска, Ема Бочваровска, Радевска 4, Соколовска, Т. Самарџиоска, Гроздановска 9, Ива Кимовска, Ели Бочваровска, Кузмановска 2, С. Самарџиоска

Седмерци: 5/5, Исклучувања: 2 мин.

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Младеновска Кузмановска, Стоилевска, Павлова, Е. Вучевска 7, Сентовска 6, Манева 3, Коева 4, Максимова, Велковска, Стојанова, Павловска 3, Гигова 3, М. Вучевска, Стоилова 1

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ШАМПИОН1071222
2СКОПЈЕ1061319
3ДЕСПИНА960318
4АСТИБО951316
5ГЕВГЕЛИЈА1050515
6СПАРТАК92167