Репрезентативецот на Словенија, Рок Овничек, кој настапува на средната бековска позиција, ја продолжи соработката со француски Нант.
Словенецот и раководството на францускиот клуб го продолжија договорот на уште две сезони, па така искусниот ракометар дресот на Нант ќе го носи до јуни, 2025 година.
Овничек во Нант пристигна во текот на 2019 и во претходните три сезони ја оправда дадената доверба, со што си доби и продолжување на договорот.
Пред да се пресели во Нант, Овничек настапуваше за Целје и Горење Велење. По повредата на Ејмерик Мин, ракометарот од Словенија заедно со Лукас Бретеше имаат поголема минутажа на натпреварите од француското првенство и во Лига на шампионите.