Машката репрезентација на Македонија трет пат завршува едно големо натпреварување без победа.
По ЕП 1998, ЕП 2016 и ЕП 2022 ќе биде запишано во аналите како трет континентален без радост на триумф.
Селекторот Лазаров вели дека сака да се подгтовува за натпревари со големи ривали, но ова беше невозможна мисија.
„Сакам да се подготвувам за натпревари особено со големи противници, ми претставува задоволство но колку и да се трудев ова беше невозможна мисија, да дадеме поголем подостојен отпор иако во поголем дел од мечот имавме добар отпор и тоа со млади играчи кои би требало да бидат иднината. Овие минути кои им ги дадовме како стручен штаб ќе им значат многу. Пополека од она што го видовме тука, треба да го оформиме костурот да ги пронајдеме тие 16-20 играчи, кои би служеле на Македонија во наредните 10 години. Друго е кога ќе видите некој играч во македонско првенство во клуб, друго е кога ќе го видите овде на големо натпреварување, против една Данска. Ќе анализираме и мислам дека може да ни се чисти сликата и да ни стане јасно во која насока да се движиме за да дојдеме до тие играчи кои би можеле да играат во два правци, каде би можеле да се држиме со големи противници како Данска во сите шеесет минути, зошто покажавме дека можеме да бидеме конкурентни до некое време, но ова е машинерија, тие газат. Пех денеска беше што покрај Маџовски се повреди Кузмановски во 7-8 минута од натпреварот. Пробував правев вртев до некаде и успеав меѓутоа ова е машинерија и некои нивни резерви беа нивни најдобри играчи, тоа кажува за каква селекција се работа. Многу ни значи ова Европско првенство, за да оформиме јасна слика, да знаеме на што сме. Видовме денес Црна Гора ја изненади Словенија значи сме два јаки противници во нашата група, мислевме дека барем Црна Гора не е на тоа ниво. Ќе го сфатиме како позитивно искуство, ќе ги засукаме ракавите, во една позитивна атмосфера и енергија. Не можам ништо да им замерам на играчите бидејќи изработија екстра квалитетни подготовки. Ниту еден не се пожали во тие 20-24 дена, стварно трениравме напорно, но некогаш не можете да се борите против проблемите. Најверојатно ова требало да се случи, го прифаќаме со насмевка, иако таа насмевка не е реална, искрена, малку е кисела но тоа е што е. Не вреди да се жалиме, и други имаат повредени играчи и ќе имаат, затоа треба да се прилагодуваме да правиме проширен ростер, за да останеме во најмала рака на големите натпреварувања“, вели Лазаров.
Следен предизвик за македонската репрезентација ќе биде баражот за СП во март годинава.