Последниот месец Романија и Европа ги тресе најголемиот допинг скандал. Сите ракометарки на Корона Брашов се суспендирани од шампионатот на Романија и ЕХФ купот и чекаат казна. Сето ова е заради невнимание и наивност на некои од ракометрките кои објавија фотографии на социјалните медиуми.
Романската „Газета спортурилор“ ги објави спорните фотографии од Инстаграм стори на Бјанка Базилиу и Кристина Ласло на кои јасно се гледа дека ја примаат терапијата која е забранета по правилата на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Да не беа објавени овие фотографии на друштвените мрежи овој скандал веројатно никогаш и немало да биде откриен, но веројатно ракометарките мислеле дека не прават ништо недозволено. Казната за овој прекршок е суспензија од 14 месеци до четири години.