„Ова е срамна одлука на ЕХФ, шокиран сум што Ф4 ќе се игра во декември“

Како и многу други ракометари претходно, така и Норвежанецот Сандер Сагосен ја коментираше одлуката на ЕХФ за одложување на фајнал форот за крајот на декември годинава.

Сагосен уште еднаш истакна дека ова е премногу и доколку завршниот турнир остане да се одигра во декември тоа би биле премногу важни натпревари за ракометарите и клубовите во една сезона.

„ За волја на вистината ова е срамна одлука, ја малку сум шокиран. Ќе биде многу подобро само да ја завршиме сезоната и потоа да започнеме нова. Сега е невозможно да се игра, но нардната сезона  ќе имаме многу натпревари. Треба да играме два фајнал вора во Лигата на шампионите, квалификациски натпревари со репрезентациите, Светско првенство и Олимпијада, ќе биде многу тешко“, итакна Сагосен за tv2.dk.

Сагосен од 1 јули треба дресот на ПСЖ да го замени со оној на Кил и одложувањето на завршниот турнир во декември ќе го оневозможи да игра со екипата со која цела сезона се бореше да стигне до завршниот турнир. На последното Европско првенство Сагосен беше најдобар стрелец.