Ширењето на коронавирусот има силно влијание врз сите аспекти од животот, па и на спортот. Клубовите се погодоени од финансиска криза и допрва ќе мачат мака да ги исплатат играчите.
Голем дел од нив се согласија на кратење на платите за април, мај и јуни. Покрај финанската криза, германскиот Рајн Некар Левен, имаше и други проблеми, бидејќи седум играчи беа заразени со коронавирусот.
„Последиците од пандемијата ќе ја предизвикаат најголемата криза во клупската историја. Од економска гледна точка, ние ќе се соочиме со вистински предизвик – да го осигураме егзистирањето на Рајн Некар како клуб“, изјави Џенифер Кетеман, спортскиот директот на „лавовите“.
Бундес лигата е суспендирана до 16 мај, а одлука дали ќе има ново одложување или ќе биде означен крај, ќе биде донесена најдоцна до 20 април.