Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја очекува настапот во баражот за Светското првенство наредната година, а како што стојат работите Ивица Обрван ќе остане селектор.
Босанскиот портал „СпортСпорт.ба“ објави дека Обрван дефинитивно останува селектор и во наредниот циклус. Според нивните информации станува збор за договор на четири години.
Обрван во наредните денови треба да го објави и списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот против Грција.
Натпреварот против Грција Босна ќе го игра на 20. март во Тузла во спортскиот комплекс „Мајдан“, три дена порано е првиот натпревар во Грција.
Како што е познато Обрван беше и селектор на Македонија во периодот од 2013 до 2016 година, а работеше уште во екипите на Метковиќ, Загреб, Шамбери, Горење…