Обрван: Новата ситуација сруши се, имам само пет ракометари на располагање

Ситуацијата во хрватскиот шампион Загреб и понатаму останува непријатна. На Загреб му се заканува елиминација од Лигата на шампионите и многу веројатно е дека двата натпревари против Фленсбург од осминафиналето ќе завршат со службени 10:0 за германскиот тим.

Во составот на Загреб тројца ракометари се заразени со Ковид 19, а десет ракометари се во карантин. Поради тоа, само пет ракометари остануваат на располагање кај тренерот Ивица Обрван.

Обрван го наследи Владо Шола на тренерското место на Загреб со цел да обезбеди подобри резултати и добро претставување на хрватската екипа во Лигата на шампионите, но најверојатно во најважните натпревари нема да може да ги истакне своите тренерски способности доколку ситуацијата не се промени.

„Таман од моето доаѓање успеавме да воспоставиме некои работи во играта, видов некој напредок, но за жал оваа ситуација сруши се и потполно е неизвесно како и во кој момент сите ќе можеме повторно да се собереме”, изјави Обрван за „Спортске Новости“.

Загреб требаше со Фленсбург да игра вчера, но раководството на клубот се потруди да се договори со германскиот тим и двата натпревари да се одиграат во Германија, првиот на 7 април и реванш натпреварот еден ден подоцна, 8 април, но тие нема да се играат ако хрватскиот тим нема доволен број ракометари.

Деновите што доаѓаат се неизвесни за судбината на  „плинарите“ кои оваа сезона во Лигата на шампионите не освоија ниту еден бод.