Екипата на ППД Загреб се подготвува за дуелите против Вардар и акцентот на подготовките е ставен на овие два натпревари кои треба да се одиграат на крајот од овој месец.
Тренерот Ивица Обрван има далеку посилен тим од лани и ќе се потруди да дојде до резултат каков што се планира во екипата односно да се дојде до посакуваниот резултат, а тоа е продолжување на традицијата и пласман на Ф4 турнирите во СЕХА лигата.
„За разлика од претходните години ова лето е специфично. Порано формата ја темпиравме за средината на септември. Сега го правиме тоа за крајот на август и двата натпревари од четврт-финалето во СЕХА лигата против Вардар. Мораме да размислуваме и да ги планираме подготовките за екипата да биде во добра состојба за тие две средби против многу добрата екипата на Вардар каде што ќе си дозволам да кажам дека шансите за пласман на Ф4 турнирот во Задар ни се подеднакви“, вели тренерот на Загреб, Ивица Обрван.
Екипите на Вардар и ППД Загреб на досегашните девет Ф4 турнири учествуваа на сите. Ова ќе биде јубилејниот десетти, а една од нив нема да може да биде дел на турнирот.