Тренерот на Загреб, Ивица Обрван е добро познат во македонската јавност. тој беше селектор во златните денови на генерацијата на Лазаров, Мојсовски, Миркуловски… А по клупските обврски во Франција, долго немаше ангажман, па дојдоа селекторската функција во репрезентацијата на Босна и Херцеговина и клупската онаа од хрватскиот шампион.
Обрван беше повторно во Скопје, како дел од стручниот штаб на Загреб кој го одигра четвртфиналниот дуел од СЕХА лигата против Вардар.
Во изминатите години откако ја напушти селекторската позиција на Македонија, Ивица Обрван беше споменуван како кандидат за тренер во македонските тимови но не дојде до тоа.
„Имав неколку контакти од Металург, но ништо конкретно. Низ медиумите имаше гласини за Вардар но немаше никаков разговор со никој од клубот. Сето тоа беа шпекулации. Најконкретна понуда имав од Металург, но не се одлучив да ја прифатам понудата“, заврши Обрван.
Реванш натпреварот меѓу Загреб и Вардар е во вторник, 31 август со почеток од 20:15 часот.