Откако Веселин Вујовиќ си замина од хрватскиот шампион Загреб, раководството на „плинарите“ се пушти во потрага по негова замена.
Се споменуваа имињата на Владо Шола, Ирфан Смајлагиќ, Ивица Обрван, Ненад Кљаиќ…а во потесна конкуренција остана само уште двајца.
Шола има договорна обврска со кинескиот проект Пекинг Универзитет, додека Кљаиќ ќе го продолжи престојот во грчкиот Олимпијакос.
Од Загреб најавија дека в понеделник ќе биде промовиран новиот тренер – Ивица Обрван или поранешниот ракометар на Загреб, Игор Вори. Еден од нив ќе го води хрватскиот претставник во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите.