Обрадовиќ го враќа ударот: Ме обвинија дека сум пиел, а тие немаат излезено од кафеана

По неуспехот на женската селекција на Србија да се пласира на Летните Олимписки игри во Токио, пристигнаа голем број на реакции во врска со водењето на репрезентацијата од страна на веќе поранешниот селектор, Љубомир Обрадовиќ.

Драгана Цвијиќ прва го крена гласот и изјави дека се потребни промени во стручниот штаб. Претседателката на Ракометниот сојуз на Србија, Милена Делиќ беше свесна за состојбата во женската селекција и во нејзиното интервју пред неколку дена изјави дека Обрадовиќ немал нималку културно однесување кон самите репрезентативки.

После нејзините изјави, Обрадовиќ се отвори за јавноста и го изнесе својот став во врска со конфликтот со претседателката и остатокот од раководството на ракометниот сојуз на Србија.

„Знам дека мојот збор е против нивниот, затоа сакам медиумите и јавноста во Србија да ја слушне и изјавата од неутралните луѓе. Еве, посакувам да повикате и да прашате кој било ракометар или ракометарка кои соработувале претходно со мене овде или во странство, да видам дали некој ќе ви рече ‘Обрадовиќ ме навредуваше и омаложуваше’. Ако ми е дозволено да се пофалам, ја сум магистер по физичка култура. Навредите и пцовките не се во склоп на моето знаење, општа култура, домашното воспитување бидејќи така не комуницирам ни со најблиските. Што повеќе? Познат сум по малите казни за такви навредувања. Затоа најмногу ме повредува кога преку медиумите ме прикажуваат како лош и арогантен”, изјави Обрадовиќ за sportske.net.

Како главен проблем за неуспехот на олимписките квалификации во Ѓер го истакнува доаѓањето на Милена Делиќ како претседателка на Ракометниот сојуз на Србија, но и остатокот од самото раководство.

„Олимписките квалификации да беа одржани во месец март минатата година тогаш сигурно би имале големи шанси да одиме во Токио, тогаш немаше големо влијание од претседателот на ракометниот сојуз и нивниот тим. Го враќав филмот во Ѓер и заклучив дека деконцентрацијата и уредувањето во сојузот започна во пресрет на Европското првенство минаната година. Во тоа време притисоците за смена на претседателот на Ракометниот сојуз на Србија беа гласни, па почна да работи машинеријата на Делиќ. Следуваше натпреварот кој мораше да го добиеме на Европското првенство и имавме тактика против Хрватска, но никогаш не трениравме: промашување на празен гол, испуштање на топката, фрлање на топката во рекламите, лобување на голманката од 190 cm…. Тука се работи за техничка обука, недостик на концентрација или што и да е”, додаде Обрадовиќ.

Конфликтот на релација Обрадовиќ – Делиќ трае уште од 2012 година кога бил предложен за селектор на машката репрезентација, но Делиќ со нејзините изјави го спречила неговото назначување.

„После заминувањето на Сеад Хасанефендиќ во 2012 година мене ме предложија да бидам селектор на машката ракометна репрезентација на Србија. На управниот одбор пред да биде назначен како селектор Веселин Вуковиќ, Делиќ како член на управниот одбор ,,скокна” против мене со зборовите – слушнав дека пие и дека прави секакви работи, рече по нечија наредба, а знае и самата дека повеќе време има поминато во кафеани отколку самиот јас. Секогаш постојат две вистини, а мене ми е криво бидејќи во текот на месец јануари не реков дека треба да ја прекинеме соработката. Што ми рече во следната прилика? Ми замери што немам кондициски тренер на голманите во стручниот штаб, а ја стар дифовец, така работам цел век. Ми спомна дека сака да формира стручни совети за машки и женски ракомет во нашата земја, но не истакна ниту едно име кога ја прашав кој ќе биде во нив. Имаше гласини и за тренерите од помладите категории, во смисла дека во иднина нема да можат да бидат избрани од шефовите на А репрезентациите, немав ништо против тоа ако имаше споделување на одговорностите за резултатите. Кај мене не може секој да работи со девојчиња и затоа шанса им давав на луѓето кои не флертуваа, не навредуваа, не пијат чаша пиво… На тој состанок ми е спомнато и за мојата ќерка Марија Обрадовиќ, во смисла и чувам место во репрезентацијата, иако таа стана репрезентативка пред јас да дојдам и долго беше повредена. Конверзацијата на тој состанок беше нормална, но, сепак, жалам што тогаш не се откажав”, заврши Обрадовиќ.

Љубомир Обрадовиќ беше сменет од селекторската функција по завршувањето на олимписките квалификациски натпревари и необезбедувањето пласман на Олимписките игри.