Благодарение на победата над Ларвик 36:20 и поразот на Сторхамар од Сола на домашен терен 27:30, Вајперс Кристијансанд на три кола пред крајот на првенството ја обезбеди петтата титула во низа шампион на Норвешка.
Со 22 победи и само едно реми тимот на Оле Густав Гјекстад направи недостижна предност од седум поени во однос на Сторхамар. Трет е Молде со бод повеќе од Сола.
Актуелните шампионки на Европа претходно обезбедија и директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите каде што ќе се сретнат против подобриот од дуелот Крим – Ференцварош.