Поранешниот европски великан и една од најпознатите екипи од северот на Европа, КИФ Колдинг имаше огромни финасиски проблеми во текот на сезоната, а прволигашкиот статус го задржа на неверојатен начин.
Колдинг избегна испаѓање во возбудлива завршница со погодокот на Петер Балинг кој донесе триумф против Холстебро од 29:28 што беше неопходно за обезбедување опстанок.
Некогашниот респектабилен клуб ширум Европа и 14 пати шамион на Данска во последното коло мораше да триумфира за да избегне испаѓање, иако голамнот на Холстебро успеа да го одбрани првиот удар, сепак од втора Балинг постигна клучен гол.
Овој погодок предизвика огромно воодушевуввање во салата и голема прослава. Погледнете во следното видео…