Од актуелниот ростер на Црна Гора дури десетмина ракометари играле или се уште играат во македонската Суперлига.
Тука е голманот Никола Матовиќ кој има одлична полусезона на голот на Струга, како и десното крило Мирко Радовиќ од Еурофарм Пелистер. Двајцата одлично ги познаваат ракометарите од нашата селекција што настапуваат во домашниот шампионат.
Покрај нив капитенот Васко Шеваљевиќ беше дел од Вардар една полусезона, а порано таму играа Стеван Вујовиќ, Вук Лазовиќ и Немања Грбовиќ.
Дресот на Металург покрај Стеван Вујовиќ, го носеа Василије Калуѓеровиќ и Божо Анѓелиќ, а тука се и Ристо Вујачиќ кој беше дел од Вардар Јуниор и Пелистер, како и Божидар Симиќ, кој играше за Радовиш и Вардар Јуниор.
Мечот меѓу Македонија и Црна Гора се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 18:00 часот.