Норвешкиот селектор кон дански новинар: Е*и се! (ВИДЕО)

Очигледно е дека страстите пред финалето на Европското првенство меѓу Данска и Норвешка се разгорени. Норвешкиот селектор Торир Хергеирсон беше бесен по прашањата на новинарот од данската ТВ2. Најпрво беше запрашан дали смислил тактика за играта 7 на 6 на Данска, а тој одговори: Зарем мислите дека вас ќе ви кажам, ова е најглупавото прашање што некогаш сум го добил. Потоа беше прашан дали тоа е главниот фокус, на што одговори: Да, тоа е главниот фокус и го напушти интервјуто бесен со зборовите „е*и се“...Видео: ТВ2 Спорт