Тимот на Колстад, новиот дрим-тим во европскиот ракомет, планира уште едно засилување за следната сезона, пишува „Остендлинген“.
Станува збор за левото крило на ПИК Сегед и на норвешката репрезентација, Александер Блонц, чиј договор со унгарскиот првак завршува на лето.
Блонц не се изнаигра по трансферот во Унгарија, Себастијан Фримел ја ужива довербата на Пастор, па Норвежанецот има мала минутажа.
Истиот пат би можел да го следи уште еден играч на ПИК Сегед, десниот бек Кент Робин Тонесен.
Од следното лето во Колстад доаѓа триото од Бундес лигата – Сандер Сагосен од Кил, Магнус Род и Горан Јоханесен од Фленсбург.