Репрезентацијата на Норвешка го доби скандинавскиот двобој против Шведска со 23:20 и после 2. коло од втората рунда е осамена на врвот во Групата 2 со шест поени. Норвежаните одиграа подобро во поголемиот дел од средбата и имаа контрола така што немаа проблеми против Швеѓаните да се радуваат на бодови.
Од почетокот на средбата Норвешка наметна силно темпо. Влезе многу подобро во овој дуел и покажа дека денеска Шведска тешко ќе може да се надева на бодови. Бергеруд тргна одлично на голот, а иако и Паличка враќаше во ист стил, сепак, Норвежаните беа многу порасположени.
Добрата игра им овозможи постојано да бидат во позитива од два до четири гола. Дури и на одмор се замина со 12:8, а потоа овие четири погодоци беа зголемени до шест во 33. минута (15:9).
Сепак, после ова дојде до стабилизирање на позитивата меѓу четири и пет гола, а во финишот Швеѓаните се обидоа да се вратат. Намалија до два гола. Норвешка имаше 22:20 во 56. минута, но тука дојде до неколку одбрани на голманот Бергеруд кој беше и играч на натпреварот така што потоа остана само Сагосен да го постави конечниот резултат од 23:20 со што Норвешка се постави на највисокото место со шест поени и со најдобра позиција на патот кон полуфиналето.
Бергеруд денеска одбрани 13 удари додека колегата од Шведска, Паличка имаше девет. Најефикасен беше Сагосен со осум гола и беше далеку пред колегите од репрезентацијата. Во Шведска пет гола имаше Лукас Пелас.