Ракометарите на Норвешка имаа лесен натправар во последното 3. коло од олимписките квалификации и рутински ја совладаа Кореја со високи 44:31 за потврда на пласманот во Токио.
Од самиот почеток на натпреварот се играше многу ефикасно со лесни голови на двете страни. Норвешка постигна 24 гола во првите 30 минути и веќе имаше огромна предност од 24:16.
Доминацијата на Норвежаните продолжи и во вториот дел, Кореја имаше сосема солидно издание, но тоа не беше доволно за поволен резултат против фаворитот.
Норвешка ја предводеа Мирхол и Јондал со по седум погодоци, а Сагосен на овој натпревар постигна три гола. Во тимот на Кореја особено ефикасни беа Квангсон и Јасеоп кои постигнаа единаесет односно осум гола.