Репрезентацијата на Норвешка ги освои првите бодови на Светското првенство во Египет откако ја совлада репрезетаијата на Швајцарија со 31:25. Норвежаните немаа многу проблеми да триумфираат на овој натпревар.
Швајцарија имаше само добар почеток на натпреварот, отвори со 4:2 и 5:3 но во продолжението Норвежаните имаа целосна контрола. После ова водсство на Швајцарија следуваше кризен период кој Норвешка знаеше да го искористи и со серија од шест гола го презема водството.
До крајот на првото полувреме уште еднаш се закани репрезентацијата која учествува како втора замена, но Норвешка го одби тој налет и контролираше се до крајот на првиот дел кога водеше 17:14.
Почетокот на второто полувреме беше клучен за решавање на победникот, Норвешка поведе со 21:14 што беше недостижно за противникот. До крај најчесто се играше гол за гол и рутински Норвежанита стигнаа до победата.
Предводник на победничкиот тим уште еднаш беше Сандер Сагосен со 11 гола, Јоханесен постигна шест, а Рајнкинд погоди петпати. Голманот Бергеруд имаше добар настап со 11 успешни интервенции. Најефикасни во составот на Швајцарија беа Милошевиќ и Лиер со по седум гола, а Енди Шмид уште еднаш ги разигруваше соиграчите и имаше осум асистенции, а еден погодок.