Норвешка е една од земјите што е средно ризично подрачје на заразени со коронавирусот и тамошната федерација донесе тешка одлука.
Ракометната сезона во оваа скандинавска држава завршува денеска и нема да се играат натпреварите од плеј-офот во машка и во женска конкуренција.
Во Шведска засега се игра без публика, додека во Данска нема да се игра ракомет во следните две седмици.
Во Франција беше откажан завршниот турнир во Лига Купот, додека во Шпанија исто како во Данска нема да се игра ракомет во следните 14 дена.